Вистински рецепт за Вистинските гурмани…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 2 лица:
200 грама бело пилешко месо
50 грама горко чоколадо ( поголем процент на какао )
20 грама путер
50 грама сусам
Листови зелена салата
2 јајца
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Доколку се вистински гурман ќе уживате во вкусот на ова слатко- солено јадење.
Потребно е на должно да ги исечете пилешките гради со дебелина од 1 сантиметар и да ги извалкате исечените парчиња пилешко во разматените јајца, потоа во сусамот.
Вака подготвеното пилешко месо пржете го на среден оган додека месото не добие убава златна боја.
Сервирајте ги на чинија врз листови зелена салата.
Во сад настрана истопете го чоколадото и прелијте го врз пилешкото месо.
Препуштете се на волшебниот вкус!!!
Уживајте!!!