Никој не може да го оспори феноменалниот вкус на добро подготвениот пилешки стек, но доколку сакате да ја освежите Вашата трпеза, најлесен начин да го направите тоа е со сос од соја и со кикирики…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
800 грама пилешко филе
1 лажица сол или вегета
Сончогледово масло
За прелив: 100 грама непржени кикирики, 2 лажички кари, 2 лажички сос од соја
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете ги кикириките во чиста крпа и раситнете ги со помош на кујнски чекан. Ставете ги во помала чинија, додадете го сосот од соја и зачинот кари и добро промешајте. Насипете го пилешкото филе со сол или вегета и ставете го на плехот кој претходно сте го намачкале со сончогледово масло. Врз секое парченце филе, поединечно , прелијте од сосот со кикирики, соја и кари и печете во рерна, 15 – 20 минути, на температура од 220 С.
Јадењето, послужете го додека е топло, а во прилог, може да го комбинирате и со печен компир.
Уживајте!!!
