Мојата кујна

Пилешко во сос од соја и кикирики…

Никој не може да го оспори феноменалниот вкус на добро подготвениот пилешки стек, но доколку сакате да ја освежите Вашата трпеза,  најлесен начин да го направите тоа е со сос од соја и со кикирики…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 грама пилешко филе

1 лажица сол или вегета

Сончогледово масло

За прелив: 100 грама непржени кикирики, 2 лажички кари, 2 лажички сос од соја

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ставете ги кикириките во чиста крпа и раситнете ги со помош на кујнски чекан. Ставете ги во помала чинија, додадете го сосот од соја и зачинот кари и добро промешајте. Насипете го пилешкото филе со сол или вегета и ставете го на плехот кој претходно сте го намачкале со сончогледово масло. Врз секое парченце филе, поединечно , прелијте од сосот со кикирики, соја и кари и печете во рерна, 15 – 20 минути, на температура од 220 С.

Јадењето, послужете го додека е топло, а во прилог, може да го комбинирате и со печен компир.

Уживајте!!!

Напиши коментар