Убавина

Пилинг за добар филинг

Ги послушавте сите наши совети и не изгоревте?Освен тоа, вашата кожа е и после капење во море и сончање мазна и заборавивте на акните и мозолчињата?Одлично!Но немојте да се опуштите…

Иако совршено сте поцрнеле, тоа не значи дека не можете да изгорите, односно цел труд на чување на кожата да ви падне во вода.Иако веќе не одите на плажа,треба да знаете дека сонцето гори и кога најмалку очекувате.Поради тоа не мојте да ја фрлите кремата за сончање, туку и понатаму чувајте ја вашата кожа.

Доколку пред тоа сте имале проблем со акните, немојте да дозволите вашиот совршен тен да ве излаже.

Без оглед колку години имате и која е причината за акните, сонцето и морето само повремено ви помогнаа.Всушност- делумно!Сонцето ја исушило површината на кожата а морето ја дезинфецирало.Генијално!Но проблемите остануваат во подлабоките слоеви на кожата, епицентралниот проблем се лојните жлезди.

Експертите советуваат после годишниот одмор да посетите козметичар за темелно чистење на кожата.Ако мисите дека третманот на кожата ќе ви го испере темниот тен, немате причина за страв.Напротив бојата уште подолго ќе се задржи после третманот, а може ќе го избегнете и гадното лупење.После чистењето осигурајте се иако годишниот одмор заврши, заканата од штетното сонце е сеуште голема- затоа повторуваме немојте да заборавите на кремата за сончање.

 

 

Напиши коментар