ШоуБиз

Pink заврши во болница!

Американската пејачка Pink поставила слика на интернет, а на фотката се гледа како рокерката прима инфузија.

Pink (32) заглавила во болница поради тешок облик на стомачен грип. Таа со своите фанови ја споделила оваа слика на која се наоѓа во болнички кревет, а многу јасно се гледа дека во истиот момент прима инфузија.

–          Мајка ми работеше како медицинска сестра, па затоа немам проблем со игли и болници, – напишала пејачката под сликата.

Минатата година, Pink ја доби ќерката Willow и иако некогаш важеше за проблематична и луда девојка, пејачката сега признава дека по раѓањето на ќерката ги намалила и алкохолот и цигарите.

Write A Comment