Здраво тело

Пиперка за добар изглед и јак имунитет

Нутриционистите велат дека дневно треба да се внесуваат пет видови на различни овошја и зеленчук. Нажалост, често забораваме на пиперката. Пиперката како и поголемиот дел од зеленчукот содржи голема количина на вода, дури 90%, додека пак калориската вредност е многу ниска. Има само 20 калории во 100 гр пиперки.

Богата е со витамин Ц, па според количината на овој витамин која ја поседува се наоѓа на прво место од сите зеленчуци, далеку пред зелката, спанаќот…

За да ја внесеме целата хранлиост од пиперките би требало да ги јадеме свежи.

Пиперката е богата со витамини Ц, А, Б, Е, каротен особено во црвената пиперка. Од минералите таа содржи: калиум, фосфор, магнезиум, калциум, железо и цинк.

Влакната кои ги содржи пиперката се добри за системот за варење. Затоа се препорачуваат на луѓето кои имаат проблеми со столицата. Пиперките се одлични и за диета. Јадете ги во неограничени количини, имаат многу хранливи вредности а многу малку калории.

Напиши коментар