ШоуБиз

Pique се „плетка“ со Bar Rafaeli?

Според написите на странските медиуми, фудбалерот на Барселона Gerard Pique ја изневерил својата девојка Shakira со моделот Bar Rafaeli.

Манекенката моментално се наоѓа во Барселона поради обврски кон една модна куќа, а изминатите неколку денови, во истиот град се наоѓаат и играчите на Барса. Многубројните новинари кои ги следат чекорите на моделот, наводно ја виделе заедно со Pique.

Rafaeli веднаш реагирала и овие медиумиски шпекулации ги нарекла огромни лаги бидејќи таа воопшто не следи фудбал, а уште помалку некој фудбалер.

Од  друга страна, забележани се Shakira и Pique како уживаат заедно во еден ноќен клуб во каталонската престолнина.

Напиши коментар