Мојата кујна

Пирамида од принцес крофни

Одличен десерт кој ќе ви ја крене енергијата до максимум:)

Потребни состојки за крофните:

–      125 гр путер

–      125 гр брашно

–      1,2 дл вода

–      3 јајца

–      малку сол

За филот:

–      150 гр слатка павлака

–      3 лажици инстант кафе

–      150 гр чоколада за готвење

–      1 дл ладно млеко

–      2 кесички шлаг

–      зрна кафе за декорација

Подготовка:

Во водата ставете малку сол и ставете ја на оган додека не почне да врие. Потоа додајте го путерот и брашното и варете, а при тоа мешајте постојано се додека смесата не почне да се одвојува од ѕидовите на тенџерето. Тргнете го од оган и почекајте малку да се излади. Потоа додајте ги едно по едно јајцата и убаво промешајте. Добиената смеса ставете ја во шприц, и со него ставете ги крофните на плех за печење во кој претходно ставивте хартија за печење. Печете ги 25 минути на 180 степени. Печените принцес крофни извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат и пресечете ги на половина.

Загрејте ја слатката павлака, додајте кафе кое претходно сте го подготвиле и изладиле и парчињата чоколада и мешајте се додека чоколадата не се растопи целосно. Тргнете го садот од оган и почекајте смесата да се излади. Подгответе го шлагот според упатството и додајте го во смесата. Со половина од смесата наполнете ги принцес крофните, а во другата половина ставете го млекото и направете го потечно. Со него ќе ги прелиете принцес крофните. Редете ги во редови, така што ќе направите пирамида. Декорацијата завршете ја со зрна кафе.

Напиши коментар