Убавина

Пире од компир наместо крема за раце

Компирот е исклучително корисен за кожата, особено ако е во комбинација со путер и млеко.

Вака подготвеното пире може да биде одлична замена за кремата за раце. Намачкајте го во подебел слој и оставете нека делува неколку минути. Измијте се со ладна, па со топла вода. Третманот завршете го така што рацете ќе ги истриете со сок од лимон. Измијте уште еднаш и вашите дланки ќе бидат меки и нежни.

Овој третман ќе го отстрани целосно мирисот на храна од вашите дланки, а претпоставувам дека ова беше многу потребно на домаќинките кои по готвењето треба да излезат и да се опуштат со пријателите или пак едноставно да го прегрнат својот партнер.

Напиши коментар