Мојата кујна

Пита од бајат леб и сирење

Сирењето, јајцата, киселото млеко, зејтинот и киселата вода измешајте ги и направете смеса од нив. Потоа на еден подмачкан плех, наредете ги кришките леб па ставете од смесата, и повторете ја постапката така што последно ставено ќе биде смесата, но во помала количина. Одозгора ставете сусам. Печете на 200°C од 35-45 минути. Доколку сакате може да ставите и шунка или печурки.

Потребни состојки:

1 векна бајат леб

300 гр сирење

1 кисело млеко

2 јајца

1/2  шоља зејтин

1 мала шоља кисела вода

50 гр сусам

 

Напиши коментар