Мојата кујна

Пита од вишни

Потребни состојки:

–          3 чаши јогурт

–          1 чаша од јогурт масло

–          2 чаши од јогурт шеќер

–          1 и пол чаша од јогурт гриз

–          1 ванилин шеќер

–          1 пециво

–          2 тегли компот од вишни

–          1 пакување кори

Подготовка:

Измешајте ги состојките. На првата кора ставете 5 лажици од смесата и размачкајте ја по целата кора. Ставете уште една кора и повторете ја постапката се додека не дојдете до 4-та кора. На половина од површината ставете ги вишните без семки. Свиткајте ролат. Одозгора премачкајте го ролатот со масло. Повторете го истото со остатокот од состојките.

Печете на 180 степени околу 45 минути.

Напиши коментар