Потребни состојки за тестото:
– 450 гр брашно
– 3 лажици шеќер
– пола лажичка сол
– 100 гр маргарин
– 200 мл вода
За филот:
– 800 гр излупени и исчистени праски
– 3 лажици шеќер
– 2 лажици гриз
– 1 лажица густин
– малку цимет
– белка за премачкување
Подготовка:
Во маргаринот додадете го брашното и месете со рацете додека не ја претворите смесата во трошки. Потоа додајте го шеќерот, солта и малку вода додека не добиете компактно тесто. Оставете го тестото да отстои 20 минути во фрижидер. Излупените праски во меѓувреме исечете ги на кришки и посипете ги со гриз, цимет и густин. Две третини од тестото земете и расукајте го како кора. Ставете го во подмачкан плех. Одозгора ставете ги праските, а со преостанатото тесто направете кора која ќе ја изечете на тенки ленти и ќе ги редите одозгора врз филот. Премачкајте ја одозгора со една белка. Печете околу половина час на 180 степени.
