Мојата кујна

Пита со праски

Потребни состојки за тестото:

–      450 гр брашно

–      3 лажици шеќер

–      пола лажичка сол

–      100 гр маргарин

–      200 мл вода

За филот:

–      800 гр излупени и исчистени праски

–      3 лажици шеќер

–      2 лажици гриз

–      1 лажица густин

–      малку цимет

–      белка за премачкување

Подготовка:

Во маргаринот додадете го брашното и месете со рацете додека не ја претворите смесата во трошки. Потоа додајте го шеќерот, солта и малку вода додека не добиете компактно тесто. Оставете го тестото да отстои 20 минути во фрижидер. Излупените праски во меѓувреме исечете ги на кришки и посипете ги со гриз, цимет и густин. Две третини од тестото земете и расукајте го како кора. Ставете го во подмачкан плех. Одозгора ставете ги праските, а со преостанатото тесто направете кора која ќе ја изечете на тенки ленти и ќе ги редите одозгора врз филот. Премачкајте ја одозгора со една белка. Печете околу половина час на 180 степени.

Напиши коментар