Ова е одличен десерт кој ќе ви ги задоволи потребите за слатко, а воедно ќе ве освежи.
Потребни состојки:
– едно пакување лиснато тесто
– 2 тегли компот од вишни
– 3 пудинга од ванила
– половина литро слатка павлака
– шеќер во прав
Подготовка:
Испечете ги лиснатите кори, но пред да ги ставите во рерна избоцкајте ги со вилушка. Додека се печат подгответе го филот. Исцедете ги вишните и во сокот од вишните додајте половина литро вода и сварете го пудингот. Кога ќе се излади пудингот ставете ги вишните. Изматете ја слатката павлака со миксер. Премачкајте ги изладените кори со кремот, па со шлагот и покријте со следната кора. Повторете ја постапката за секоја кора. Оставете малку да се омекнат лиснатите кори, а потоа исецкајте ги на коцки. На крајот посолете ги со шеќер во прав.