Здраво тело

Пиво за подобро здравје

Во древниот Египет владетелите наместо вода на робовите им давале да пијат пиво, токму поради неговата голема енергетска вредност. Но и не само тоа… имено пивото се користело како козметичко средство и како превенција од бројни болести.

Научниците се едногласни дека пивото е најздравиот алкохолен пијалак на светот.

Еве зашто е тоа така…

Пивото содржи 93% вода, а според едно истражување на Минхенскиот Универзитет, кога се потите или кога сте на сонце, пивото може да ви пружи подобра хидратација и од самата вода.

Во една минута низ светот се пијат 4 милиони литри пиво.

Јачменот содржи полифеноли кои се основните состојки кои се борат против лошиот холестерол, а во исто време се иницијатори на имонолошкиот систем против вирусите и помагаат во борбата против канцерогените болести.

Разликата помеѓу црното и светлото пиво е во нивната енергетска вредност. Имено светлото пиво има помалку калории но е помалку богато со антиоксиданти од црното пиво. Црното пиво содржи комбинација од антиоксиданти кои според многумина се еликсирот на младоста. Затоа се препорачува да се пие црно пиво во умерени количини (0,5 децилитри на ден).

Независно дали станува збор за светло или темно пиво, пивото содржи голем процент на  железо кој во комбинација со фолната киселина која ја има во големи количини во пивото овозможува брза апсорпција во организмот. Затоа се препорачува и за мали деца во умерени количини.

Умереното пиење на пиво го смалува ризикот од дијабетес. Луѓето кои често пијат пиво во умерени количини имаат одличен крвен притисок, зголемен метаболизам и поголем процент на топење на лошите масти.

Доколку го испиете во поголеми количини видното поле ќе ви се замати, но умереното пиење (0,5 децилитри на ден) на пиво помага при одржување на добриот вид и спречување на создавање на очните мрежи.

Верувале или не пивото го топи целулитот и ги намалува килограмите!!!

1 чаша пиво ( 0,5 децилитри) содржи:

Маснотии… 0 грама

Фибер ( растителни ) влакна…0,5 грама

Натриум…12 милиграми

Холестерол…12 милиграми

97 Калории

На Вас останува непотребната дилема дали да ќе пиете пиво или не.

Напиши коментар