Дестинации

Плажи во боите на виножитото…

Прва асоцијација за Летото, се плажите со врел и златен песок, но всушност постои и цела палета на бои кои ги обојуваат најубавите плажи на светот….

Кога сонцето заоѓа над плажите, умее да направи чудесна слика…Умее да ги прелева сите бои…            Ние направивме листа со плажи, кои во текот на денот ги имаат боите на виножитото… Проследете ја !

Црвена – Плажа карактеристична со црвената боја на песок е плажата во Санторини, Грција. Се наоѓа во близина на селото и археолошко наоѓалиште Акротити и лоцирана е под возвишените црвени и црни гребени.

Виолетова – Песокот на плажата Фајфер во Биг Сур, Калифорнија ја добива специфичната боја порадиприсуството на честички од манган.

Бела- Блескавата плажа во Флорида е позната по најбелата песок на светот. Плажата е толку убава, што во 2011 година беше на врвот во категоријата најубави плажи во САД.

Пуналу- Плажата Пуналу е позната по песокта црна како јаглен. Плажата Биг Ајленд, Хаваи е претставник во оваа категорија, а бојата ја има добиено преку честичките кои се создадени од вулканската лава, која течела во океанот и се ладела. Песокот е до толку посебен, што ако се обидете да „ си земете “ малку песок, Вие сте направиле противзаконско дело…

Напиши коментар