Мојата кујна

Плазма торта

Потребни состојки:

–          Една лажица путер

–          200 гр шеќер во прав

–          200 мл сок по желба

–          300 гр мелени бисквити

–          300 гр мелени ореви

–          100 гр растопена чоколада за глазурата

–          1 кесичка шлаг

–          1 кесичка шлаг крема

–          Една лажица масло

–          Неколку парчиња плазма

–          Чоко чипс

Подготовка:

Растопете го путерот и додајте му го сокот. Во него додадете ги смелените бисквити,  ореви и шеќер во прав. Убаво измешајте и ставете ја смесата во фрижидер да се излади. Потоа ставете ја смесата на еден сад обликувајќи ја по ваша желба. Растопете ја чоколадата со една лажица маргарин, па сипете ја одозгора врз кората. Изматете ја шлаг кремата . Во неа додадете и искршени парчиња плазма и чоко чипс. Со филот премачкајте ја тортата , па одозгора преачкајте ја со изматениот шлаг. Декорирајте ја со парчиња чоколада.

 

Напиши коментар