Мојата кујна

Плазма торта

Потребни состојки:

 

  • 300гр мелени „Плазма“ кекси
  • 200гр шеќер
  • 250гр маргарин
  • 2 жолчки
  • 250мл сок од портокал

Начин на подготовка:

Во поголем сад ставете го сокот од портокал па додадете шеќер и промешајте за шеќерот да се растопи. Додадете ја мелената плазма и мешајте додека не добиете уедначена смеса. Одвоете ја жолчката од белката. Во садот во кој сте ја ставиле жолчката додадете маргарини матете со миксер се додека смесата не стане пенеста.

Смесата од маргарин и жолчка додадете ја на натопената плазма и добро измешајте ја. Треба да добиете хомогено тесто. Обликувајте ја тортата, нешто што најдобро ќе го изведете со раце. Што се однесува до самиот облик, можете да направите како сакате: кружно, како коцка, срце, триаголно и слично.

Потоа изматете шлаг од белките од јајцата и премачкајте ја тортата.
Можете да декорирате со мелени кекси и чоколадо, по ваш избор.

Напиши коментар