Одлично посно јадење…
Потребни состојки:
- 600 гр компир
- 200 гр посен кашкавал
- 1 лажица брашно
- 1 тиквица
- масло
- сол и бибер
Подготовка:
Изрендајте го крупно компирот. Истото направете го и со кашкавалот и тиквицата. При тоа исцедете ја непотребната течност од тиквицата. Измешајте ги состојките и зачинете по желба. Направете ги плескавиците и ставете ги да се пржат на загреано масло. Одлично одат со шницли од соја.
