Мојата кујна

Плескавици од компир и тиквици

Одлично посно јадење…

Потребни состојки:

  •     600 гр компир
  •     200 гр посен кашкавал
  •     1 лажица брашно
  •     1 тиквица
  •     масло
  •     сол и бибер

Подготовка:

Изрендајте го крупно компирот. Истото направете го и со кашкавалот и тиквицата. При тоа исцедете ја непотребната течност од тиквицата. Измешајте ги состојките и зачинете по желба. Направете ги плескавиците и ставете ги да се пржат на загреано масло. Одлично одат со шницли од соја.

Напиши коментар