ШоуБиз

По грешка го умреа Мистер Бин! :)

На друштвената мрежа Твитер како молња се проширила веста дека познатиот комичар Роуан Аткинсон починал. Секако, тоа не е вистина.

Трачот започнал од Твитер корисникот од Филипините – Мајкл Роберт Мерас, кој напишал дека Мистер Бин починал.

–          Најнови вести од Британија, актерот Роуан Аткинсон починал вечерва, – напишал тој, а интернет заедницата веднаш започнала да ја шири веста.

Трачот успешно го залажал и уредникот на сајтот Википедија, на кој неколку саати стоел датумот на смрт на комичарот: 26-ти Февруари 2012 година. Фала му на Бога, Мистер Бин е жив и здрав, но им се придружи на многуте славни ѕвезди кои по грешка беа сахранети, па потоа магично оживеаа. На овој список се наоѓаат: Еди Марфи, Чарли Шин, Овен Вилсон, Адам Сендлер, Џон Бон Џови и многу други.

Напиши коментар