Пејачката Donna Summer починала вчера наутро. Умрела на 63 години по долга борба со ракот. Веста за нејзината смрт ја потврдил нејзиниот гласноговорник.
Donna го носеше надимакот „диско кралица“, а во текот на својата музичка кариера има освоено дури четири Греми награди. Се прослави во текот на 70-тите години од минатиот век со хитовите „Hot Stuff“, „Last Dance“, „Bad Girls“ и „Love to Love You Baby“.
Иако беше во постојана борба со ракот и подложена на напорни и исцрпувачки третмани со хемотерапија, Donna никогаш не ја занемари својата најголема љубов – музиката. Моментално работеше на четвртиот студиски албум, кој за жал, не успеа да го доврши пред смртта.
Позади себе остави сопруг и три деца.