ШоуБиз

Почина двојниот Оскаровец за филмска музика!

Цртаните и филмовите на Disney не би биле исти ако не постоеше тој. Оскаровецот Robert Bernard Sherman кој со години ги пишувал песните за разни проекти кои излегувале од дизниевите „творци на сништа“ починал завчера во Лондон на возраст од 86 години.

Тажната вест ја потврдил неговиот син Jeffrey:

–          Почина во мир и тоа по неколку месеци тешка борба со смртта. Тој си го сакаше животот, но неговото срце престана кога тој немаше повеќе сила да се бори, – биле неговите зборови.

Синот додал и дека Sherman имал желба постојано да ги усреќува луѓето и да внесува радост во нивните животи со својата музика. Тоа, секако, без сомнеж му одеше од рака. Преку своите песни, ќе живее засекогаш.

Напиши коментар