ШоуБиз

Почина сестрата на Ник и Арон Картер!

Лезли Картер, сестрата на познатите пејачи Ник и Арон Картер, починала на возраст од 25 години. Надежната пејачка починала во Њујорк и засега нема подетални информации околу нејзината ненадејна смрт.

–          Нашето семејство моментално жали и ова е приватна работа, – била кратката изјава на семејството Картер.

–          Многу сме тажни поради загубата на нашата сакана ќерка и внука, Лезли Картер. Ве замолуваме за буквална приватност за време на ова тешко време во кое се најдовме.

Инаку, песната „Like Wow!“ на Лезли беше саундтрак на филмот „Шрек“ во 2001 година, но нејзината кариера, за жал, никогаш не тргна во нагорна линија.

Се омажила во 2008 година, а својата ќерка ја добила во април, минатата година.

Напиши коментар