ШоуБиз

Почина Витни Хјустон – најголемата поп дива!

Легендарната поп пејачка и филмска ѕвезда Витни Хјустон починала во нејзината хотелска соба по долгата борба со дрогата и алкохолот, кои постепено ја уништуваа нејзината сјајна кариера. Почина на возраст од 48 години.

Витни била пронајдена од нејзиниот телохранител, удавена во кадата во која пливале и голем број на шишенца со лекови. Иако лекарите се обиделе да ја оживеат, вчера во 15.55 часот била прогласена за мртва.

Нејзината ќерка Боби Кристина полудела кога полицијата не сакала да ја пушти во Хилтон хотелот во Лос Анџелес да ја види мајка си. На никој не му бил дозволен пристап до телото.

Засега не е позната точната причина за смртта. Во собата не биле пронајдени нелегални дроги, само препишаните лекови.

Многу познати ѕвезди, меѓу кои и Ријана и Мараја Кери, низ солзи изјавија дека изгубивме вистинска дива, незаменлив глас и огромно срце.

Напиши коментар