ШоуБиз

Почина жената која го создаде Cosmopolitan!

Уредничката на магазинот Cosmopolitan која дури 32 години била уредник на списанието наменето за модерните жени, починала во понеделник на 90 години живот.

Хелен Гарли Браун починала во Њујорк каде и го содала овој влијателен магазин и го направила универзално популарен, а на чело на американскиот Cosmopolitan била од 1965 – 1997 година. До својата смрт останала главен уредник на меѓународното издание, а својата работа ја изведувала со голема страст.

“Хелен беше светски познат уредник, вистински пионер во женското новинарство”, стои во соопштението на нејзиното семејство.

Покрај списанието, Хелен напишала и неколку книги од кои посебно се истакнува првенецот “Sex and The Single Girl” која во 1962 година се смета за револуционерна, бидејќи ги повукувала сите жени да се приклучат на  “сексуалната револуција”.

Write A Comment