Мода

Почна „ Њујоршката модна недела“ !!!

Без оглед на некои кои го игнорираат Њујорк, во споредба со модните евенти на пистите во Лондон, Милано и Париз, овој град засекогаш ќе ја носи титулата на најголем lifestyle пазар, на кој, по правило, се свртува и се зголемува количината на модно обоените милиони… Иако не се склони кон модни експерименти, како нивната конкуренција, и Њујорк знае навистина да изненади. Колекциите за Есен/Зима 2012-2013 би требало да бидат први од новите колексии и покрај ослободените погледи на ормарот, од страна на модните консументи на денешницата…Рецесијата, ја оставаме зад нас…Дали навистина Њујорк ќе понуди нешто свежо , тоа допрва ќе го провериме..

Генијалниот Max Azria ги декодираше типичните женствени модели во облекувањето- свилени фустани со спуштени ракави, капути со волумен, беа доминантни на шоуто. Чистите форми, играта со геометрија, т.е. трендот на колор- блок, веќе се формираа како стилски правец. Целата колекција се состои од храбри идеи, срамежливо сокриени во прагматичните фустани и функционални парчиња со кои може да ги збогатите Вашите ормари. Феноменални капути и кожни баронери на кои се забележуваат игри со геометријата, се совршена понуда за купување ( или инспирација ).

Погледнете неколку примери и потврдете го мислењето дека Њујоршката модна недела задолжително мора да се анализира…Има зошто !

             

 

Напиши коментар