ШоуБиз

Подарок од Кели Роланд за бебето на Бијонсе – Боб Марли маичка :)

Таа има само 4 дена, а веќе е најпознатото бебе во светот. Што би рекле кога би дознале дека родителите веќе потрошиле 1 милион фунти на бебето кое штотуку се роди?

Сигурно и Кели Роланд се запрашала истото, додека одела да му купи подарок на новороденчето од колешката со која едно време сочинуваа ист бенд. На крај, Кели се одлучила за зелена маичка на која има принт од лицето на Боб Марли.

Кели ги разгледувала и другите бебешки работи во продавницата, а ова парче кое го купила, а продавачката ѝ го завиткала во розева хартија, ја чинело само 22 долари.

Се шпекулира дека Бијонсе и Џеј Зи ќе треба да платат 1,3 милиони долари за тоа што едно крило на болницата е сосема затворено додека Бијонсе престојува таму.

Напиши коментар