ШоуБиз

Подарокот на Лејди Гага за малата Ајви Блу :)

Лејди Гага ѝ подарила посебен поклон на малата Ајви Блу. Бијонсе и Гага заедно го снимија дуетот за песната „Телефон“ и оттогаш се пријателки. Поради тоа, не нè ни чуди што Гага веднаш по раѓањето на малата Блу одлучила дека девојчето ќе биде нејзина обожавателка.

На малата ѝ пратила малечко боди на кои со розеви дијаманти пишувало „Little Monster“. Подарокот е пратен со порака дека малата Блу ќе го носи бодито кога прв пат ќе присуствува на концерт на Лејди Гага.

–          Гага и Бијонсе останаа пријателки по соработката. Иако не се гледаат често, редовно се во контакт преку мејлови и пораки. Гага знае дека Бијонсе ќе го смета овој подарок за урнебесно смешен, – открил близок извор на Гага.

1 Comment

Write A Comment