Убавина

Подгответе ја кожата за пролет

Конечно завршува зимата, па може да почнеме со подготовките за пролетта. И онака долго ја чекавме со раширени раце. Да започнеме со подготовка на лицето. Тоа и онака е најизложено на климатските промени. Дозволете и на кожата конечно да дише. По долгата зима, лошата исхрана, недоволната физичка активност и недостаток на сончеви зраци кожата на лицето го загубила својот сјај.

Направете едно пролетно чистење на кожата. Најпрво почнете со пилинг. Нежен пилинг од пченкарно брашно, мед и неколку капки од вашето етерично масло. По ова направете една освежителна и хранлива маска за лице која ќе го освежи вашиот тен. Две лажици павлака, една лажица сув квасец, една лажица мед, малку цимет, и бадемово масло. По оваа маска лицето ќе ви блесне.

Напиши коментар