Убавина

Подгответе ја кожата за студените денови

Приготвувањето на домашни маски од природни продукти е не само забавен начин да се грижите за својата убавина но и сигурен начин за штедење пари. Многу пати сме ви кажале дека природните маски се подобри од скапите препарати на брендот што ги произведува, каде плаќате најчесто име, а не квалитет.

Најголемиот плус на овие процедури е фактот што вие сте 100% сигурна дека користите само природни продукти за својата кожа.

Следниве две маски се идеални и ќе ја подготват вашата кожа полесно да се справи со промената на времето. Употребувајте ги наизменично, еднаш седмично маската од портокал, а следната седмица таа од нане.

Маска од нане

Домашно приготвената маска од нане ќе ја освежи вашата кожа но и ќе ви помогне да се справите со црните точки и акните. За да ја направите оваа маска потребни ви се половина чаша пасирана краставица, вода и нане. Краставицата со малку вода треба да зоврие и тогаш се додаваат десетина листови нане. Смесата треба да врие околу 5 минути и потоа оставете да се олади. Се нанесува на лицето и се измива после 20 минути.

 

Маска од портокал

Сите знаеме дека сокот од портокал е особено полезен и освежителен пијалок. Но дали знаете дека остатоците од плодот кои обично ги фрлате можат да се искористат за подготвување на ефикасна маска за лице? Е веќе знаете. Отстранете ги корите и додадете кон остатоците овесни јатки и кисело млеко. Нанесете ја маската на лицето, оставете да делува 10-15 минути и измијте со млака вода.

Напиши коментар