Здраво тело

Подгответе се за сезоната на алергии..

Стручњаците предупредуваат дека пролетната сезона на алергии, оваа година може да започне и порано., поради топлите денови кои следуваат. Во тој случај, ако сте склони кон алергии, време е да се подготвите, а доколку не, научете да ги препознавате, бидејќи можете да ги развиете дури и ако претходно не сте биле склони кон нив…

Важно е да умеете да ги разликувате настинките и гриповите од алергиите. Доколку Вашата кивавица трае подолго од 1 недела, најверојатно имате алергија. Од друга страна, настинките и гриповите се проследени со високи температури и болки во мускулите, додека тие симтоми не се карактеристични кај алергиите.

Доколку пак немате откриено што предизвикува алергија кај Вас, задолжително посетете лекар. Ова е важно за да дознаете „ со што си имате работа“ и како да се одбраните.

Пример, за поленска алергија, следете ја количината на полен во воздухот, за да знаете кога е најпаметно да не излегувате и да ги затворите прозорците. Имајте во предвид дека најголема е концентрацијата на полен во воздухот, во периодот од 5 до 10 часот наутро, па во тој период, останете дома. Задолжително посетете го Вашиот лекар кој ќе Ви помогне полесно да ја поднесете сезоната на алергии.

Напиши коментар