Против досадниот целулит може да се бориме на неколку начини. Иако, најдобар и најефикасен начин за справување со целулитот е масажата, сепак треба да имате во предвид дека има и многу други начини да си помогнете.
Купката е една од начините. Еве што ви е потребно: наполнете ја кадата со топла вода, а во неа ставете 3 лажици морска сол и 15 гр ѓумбир во прав. Оваа купка ќе ја забрза вашата циркулација, а таа е неопходна за да се разгради наталожениот целулит.
По оваа купка задолжително намачкајте се со масло или хидратантна крема бидејќи со оваа купка телото го испушта и вишокот на течност од организмот.
