Сте се запрашале ли колку е длабока вашата љубов? Овие брачни парови сигурно знаат!!!
Ви ги претставуваме фотографиите од најголемите организирани подводни венчавки. Рекордот за најголема подводна венчавка го држи италијанскиот пар Франческа Коломби и Џанпјеро Џанокаро, кои се венчаа на брегот на Каполивери на италијанскиот остров Елба, во присуство на 261 нуркач, во јуни 2010 година.
Претходниот рекорд беше поставен во 2005 година од една калифорниска двојка, кои поканија дури 208 гости да ја проследат нивната подводна свадбена церемонија.
Е ова е навистина интересен и уникатен начин за да го започнете заедничкиот живот! Уживајте во интересните фотографии:













