Убавина

Погледнете како изгледа лакот за нокти од 100.000 евра

Иако изгледа како обичен лак за нокти кој совршено ќе го озвежи летниот look, всушност станува збор за луксуз кој ретко кој може да си го доволи. Но како изгледа лакот за нокти од 100.000 евра?

Лакот за нокти “Gold Rush Couture” марка “Models Own” е скапа верзија на обичен лак чија цена во слободна продажба изнесува осум долари.

Скапата верзиј претставува вистински луксуз за кој, ако сакате ноктите да ви бидат покриени со злато, треба да одвоите 100.000долари.

Луксузната плута на шишето е покриена со 1118 вистински дијаманти, со што овој beauty производ станал најскап лак за нокти.

Но ова не е единствен луксуз во козметичката индустрија. Најскапата маскара на светот спакувана е во златна амбалажа и покриена со 1000 Сваровски кристали и чини 600 долари. Истата маскара направена е од посебна, уште поскапа верзија.

Компанијата H. Couture Beauty оваа маскара ја порачала во посебно дизајнирана амбалажа со дури 2.500 сини дијаманти.

Во комплет е претставен и кармин за усни покриен со 1.200 розови дијаманти, а вкупната цена на овој луксузен пакет за оние со најдлабок џеб изнесува вртоглави 14 милиони долари.

Напиши коментар