Ashton Kutcher се пресели во нова куќа и сега официјално зад себе го остави минатото. Неодамна, тој купил еден имот во Лос Анџелес на кој пред тоа живеел под кирија додека да го финализира разводот со Demi Moore.
Според агенцијата за недвижнини, куќата има пет спални соби и осум бањи. Изградена е во 2006 година и е во ултра модерен стил. Има високи плафони, стаклени ѕидови, прекрасна глетка, огромен базен, џакузи и вежблна. Куќата се простира на ското половина од целиот имот кој инаку изнесува 870 метри квадратни.
Се вели дека за овој луксуз, Kutcher платил околу 3,6 милиони долари. Погледнете и сами како сето тоа изгледа:








