Одлично јадење за вечерните дружења со добро вино.
Потребни состојки:
– 300 гр кашкавал
– 100 гр брашно
– 50 гр лебни трошки
– 2 јајца
– масло за готвење
Подготовка:
Исецкајте го кашкавалот на парчиња, обликот зависи од вашата желба. Секое парче најпрво извалкајте го во брашно, а потоа во јајца и на крајот во лебните трошки.
Така припремени ставете ги да се пржат во загреано масло. Свртете ги од двете страни.