Мојата кујна

Похован сладолед…ммм… одлично

Обожавам кога е ладно да јадам сладолед, а особено кога е тој похован. Од надвор топол и крцкав, а одвнатре ладен…

Потребни состојки:

–      500 гр сладолед од ванила

–      85 гр мелена плазма

–      малку цимет

–      3 белки

–      масло за готвење, количина колку да ги спржите топките сладолед

Подготовка:

Направете 8 топки од сладолед со помош на алатка за правње топки. Ставете ги во замрзнувач да стојат најмалку еден час. Во длабока чинија ставете ги циметот и плазмата. Изматете ги белките убаво додека не добиете пенеста смеса. Извалкајте ги топките сладолед во оваа смеса, па потоа во плазмата. Доколку не е доволно добро прекриена топката со плазма, повторете ја постапката. Повторно вратете ги топките во замрзнувач каде ќе стојат уште три часа.

Во длабок сад ставете го маслото за готвење. Загрејте го на 190 степени. Ставете ги топките сладолед во фритеза и испржете ги една по една. Процесот на пржење нека биде од 10 до 15 секудни.

Совет плус: за побогат вкус и арома ставете мелени лешници во смесата од плазма и цимет.

1 Коментар

Напиши коментар