Мојата кујна

Поховани јаболка

Потребни состојки:

  • 3 јаболка
  • 1 лимон
  • 100мл сончогледово масло

тесто:

  • 3 јајце
  • малку кора од лимон
  • 150гр брашно
  • 3 лажици масло
  • 175мл бело вино

 Начин на подготовка:

Одвоете ги жолчките од белките и направете пена од белките. Додадете ги и жолчките и промешајте. Додадете масло и вино. Постепено додавајте го брашното, па кората од лимонот.

Излупете 3 јаболка и извадете им ги семките. Јаболката исечете ги на кругови со дебелина од 2 сантиметри. Ставете ги во посебен сад и прелијте ги со сок од ломон, кој ги спречува јаболката да потемнат.

Во длабок сад или во фритеза загрејте масло. Избрбелајте ги јаболката во припременото тесто, па пржете ги на врело масло 5 минути. После пржењето оставете ги да се исцедат за да може да го отстраните вижокот масло.

Посипете ги јаболката со шеќер во прав, и лажица цимет, или прелијте ги со мед за целосно уживање. Служете ги топли.

Напиши коментар