← НАЗАД НА БОЗА

Поховани палачинки

Поховани палачинки
1502 Читања

Потребни состојки:

  • 175 гр презла
  • 1 јајце

Полнење

  • 1 црвен кромид
  • 3 домати
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 црвена пиперка
  • пипер по вкус
  • и лажица сол
  • 1 бел лук
  • 1 коријандер
  • 450 гр модар патлиџан

Палачинки:

  • 120гр брашно
  • 300мл млеко
  • 2 јајца
  • малку сол

 

Подготовка:

Во сад просејте го брашното и направете вдлабнување во средината. Додадете го јајцето и пола од млекото и  полека матете да се создаде хомогена смеса. Додадете го остаткот од млекото и мешајте. Посолете и продолжете со мешањето. Од направеното тесто ставете во тава да се испржат палачинки.

Излупете го модриот патлиџан и исечете го на коцки. Сместете го во сад и посолете. Кромидот, пиперката и лукот исечете ги. Потоа и доматите иземијте ги и отстранете ги смеките, па исечете ги на коцки.
Загрејте масло на оган. Додадете го кромидот и кратко пропржете. Додадете ги и пиперките. На крајот додадете ги и модриот патлиџан, доматите и лукот. Зачинете со лажица коријандер и пипер, па продолжете да готвите без додавање на течности, на умерен оган околку 30 минути, додека не испари течноста.

Во средината на секоја палачинка распоредете од филот. Завиткајте ја палачинката. Обложет еден плех со алуминиумска фолија. Избрбелајте ги палачинките во јајце па вп рпезла. Наредете ги палачинките во плехот и печете ги 20тина минути на 200 степени додека не добијат златно-жолтеникава боја. Служете ги топли.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk