Месо + пиво = комбинација до соништата … А толку едноставно за подготовка
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
½ килограм пилешки гради
2 јајца
5 големи лажици брашно
0.5 децилитри пиво
Сол и бибер
2 децилитри масло за јадење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Филетите од пилешко посолете ги и по потреба истолчете ги.
Во подлабок сад изматете ги 2 јајца, посолете ставете малку бибер и додадете го брашното. Мешајте додека состојките не се соединат и потоа додадете го пивото (тогаш смесата ќе стане воздушеста но така и треба да биде)
Загрејте тава за пржење на средна температура, филетите од пилешко месо пржете ги додека не добијат кафено – златна боја.
Испржените пилешки филети сервирајте ги со пире и зелена салата.
Уживајте!!!
