Овој бел апартман, кој Инаку се наоѓа во Стокхолм има интересна архитектонска содржина. Првото што ќе го забележите овде се стрмните високи тавани и скалестите ѕидови, како и големите прозорци кои се клучни за амбиенталната и природна светлина.
Ако поубаво го погледнете планот, ќе забележите дека целата структура е поделена на неколку нивоа. Тука се и скалите кои мистериозно се појавуваат во целата приказна. Всушност, целата игра на тули, донесува шарм и свежина во големиот простор, секако комплетирана од целосниот декор.
Највисокиот ѕид, во центарот на апартманот е проследен со тематски мотиви кои даваат урбан изглед на целата внатрешност, а останатите елементи се неутрални и свежи, совршени како адаптација на светлината „ произведена “ од огромните прозорци…












