ШоуБиз

Пол Макартни си доби ѕвезда меѓу славните!

Поранешниот член на групата „Битлси“ Пол Макартни си доби своја ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните и на тој начин стана последниот од четирите Битлси кој ја има оваа несекојдневна чест.

–          Кога бевме деца во Ливерпул и ги слушавме најголемите рокенрол хитови, никогаш не ми ни паѓаше на памет дека еден ден и јас ќе добијам своја ѕвезда на Булеварот на славните. Мислев дека е невозможно да ми се случи тоа, но еве ме тука, со моја ѕвезда, – изјавил Макартни.

Стотина обожаватели на „Битлси“ присуствувале на овој настан. Ринго Стар, поради болест, не бил во можност да присуствува.

Ѕвездата на Макартни е сместена пред зградата на „Капитал Рекордс“, покрај ѕвездите на останатите членови на бендот.

Напиши коментар