Време е за пролетна лесна исхрана
Потребни состојки:
– 2 домати
– 50 гр сирење
– 125 гр варен ориз
– малку босилок
– малку сецкан домат
– малку павлака
– лук
– малку сирење за посипување на крајот
Подготовка:
Отсечете им го врвот на доматите и издлабете ги. Внатрешноста ситно исецкајте ја. Измешајте ја со варен ориз, сирење, малку босилок, лук, и зачинете по желба. Ставете малку павлака за сосот да биде покремаст. Со оваа смеса наполнете ги доматите и на крајот одозгора посипете им изрендано сирење.
