Мојата кујна

Полнети домати со кремаст сос

Време е за пролетна лесна исхрана

Потребни состојки:

–      2 домати

–      50 гр сирење

–      125 гр варен ориз

–      малку босилок

–      малку сецкан домат

–      малку павлака

–      лук

–      малку сирење за посипување на крајот

Подготовка:

Отсечете им го врвот на доматите и издлабете ги. Внатрешноста ситно исецкајте ја. Измешајте ја со варен ориз, сирење, малку босилок, лук, и зачинете по желба. Ставете малку павлака за сосот да биде покремаст. Со оваа смеса наполнете ги доматите и на крајот одозгора посипете им изрендано сирење.

Напиши коментар