Ако природата не ве наградила со полни, сензуални усни, тоа можете да го решите, па макар и само на една вечер. Еве како!
- За почеток на усните нанесете пудра во прав и пуштете малку да постои.
- Земете моливче за уста со природната боја на усните и исцртајте по рабовите. Внимавајте да не е потемна нијанса бидејќи тоа одамна веќе не е во мода. Земете четка за усни и лесно поминете по линиите на устата.
- Нанесете кармин во пастелна нијанса, благо розов или во боја на вашите усни.
- На средина на усните нанесете сјај во беж или розова боја.
- Сјај во потемна нијанса нанесете на краевите на усните.
Со сензуални и полни усни можете да тргнете во ноќен лов. Секако, кога ќе ги нагласите усните, внимавајте истото да не го сторите со очите и да не претерате. Умерената шминка секогаш изгледа посекси!