Сите би сакале тоа да го дознаеме полот на детето уште при самото зачнување. До скоро медицината тешко одговараше на ова прашање, се до средината на бременоста. Меѓутоа, времињата се менуваат…
Тим доктори од Сеул на чело со докторката Hjun Me Rju, тврдат дека пронашле начин според кој, со помош на детални анализи на крвта на мајката може да се утврди полот на детето уште во 5 недела од неговото зачнување.
Експертски тим открива дека преку анализа на мајчината крв, полот може да се открие веќе и во петтата и шестата недела. Полот на детето игра важна улога, ако мајката е носител на х хромозом кој предизвикува болести како хемофилија и мускулна дистрофија.
Фетусите од женски пол најчесто се или целосно здрави, или носат опасни гени, додека кај машкиот пол ваквите шанси се 50%. Затоа понекогаш родителите носат одлуки за абортус.
Сепак, најголема предност во методот кој открива и анализира фетус во рана бременост е фактот дека може да се откријат евентуални абнормалности и да ги потврди резултатите од ултразвукот кои може да бидат нејасни. Сепак се препорачува овој метод да не биде злоупотребен за да се бира полот на детето.
