Убавина

Помалку сон, повеќе килограми

Недостатокот на сон и зголемен замор тераат на повеќе јадење, помалку да се движиме, а со тоа и да добиеме на килажата.

Научниците од познатата клиника Мејо, следеле 17 здрави мажи и жени, на возраст од 18 и 40 години. Нив ги поделиле на две групи, така што на едната и било дозволено да спие нормално, а на другата група сонот им бил скратен за третина од нормалното време за сон.

Волонтерите спиеле помалку, внесувале по 549 калории повеќе од вообичаено, и не трошеле толку калории како другата група. Од ова заклучокот е очигледен. Ако спиеме помалку, јадеме повеќе а немаме енергија за поголеми физички активности.

Со ова се побива верувањето на многумина кои мислат дека спијат малку, а работат цел ден и со тоа трошат повеќе калории.

Напиши коментар