Времето е студено, ветерот, студот и влажноста на воздухот се најголемите непријатели на вашите усни. Освен поради ветерот и студот, усните пукаат и поради дишење на уста, поради одредени лекови со кои се лечат акни, поради дехидрација на телото или оближување на усните.
Без разлика кои се причините поради кои пукаат усните, дерматолозите даваат неколку совети како да ги залечите и како да го спречите пукањето на усните.
На усните нанесете тенок слој на балсам, вазелин, гел со алое вера или масла кои содржат поголемо количество витамин Е. Масните производи се најдобро решение, меѓутоа треба да бидете примерни и да ги нанесувате неколку пати во текот на денот.
Доколку вашата паста за заби содржи големи количества на состојки против забен камен, сменета ја за некое време. Имено состојките кои се борат против забниот камен екстремно ја сушат устата.
Пред легнување направите раствор од прашок за печиво и вода и направите лесна масажа, со помош на мека четка за заби или перче мека ткаенина. Со нежни движења поминете преку усните. Масажата нека трае пет до десет минути. На крај измијте ги усните и нанесете тенок слој вазелин.