ШоуБиз

Понуда на црвениот тепих – милионче за една ноќ :)

За време на фотографирањето на Канскиот филмски фестивал, еден ексцентричен милионер паднал на колена пред англискиот модел и актерка Kelly Brook понудувајќи ѝ милион долари да помине една вечер со него.

Kelly на почетокот била збунета и мислела дека сето ова е план на нејзиниот колега, комичарот Keith Lemon, чиј филм таму го промовирала.

Сепак, кога непознатиот човек, познат под името Frederic, ја фатил за рака и почнал да вика „Само една ноќ! Те молам, само една ноќ! Имам пари!“, таа сфатила дека не се работи за шега, па побарала помош од обезбедувањето.

Телохранителот веднаш дотрчал, го фатил чудакот и го исфрлил од хотелот. Brook од инцидентот не се дели од своето обезбедување.

Напиши коментар